Словенечката полиција откри 12 деца пробувајќи илегално да ја преминат границата скриени во глина

Словенечката полиција на граничниот премин Добова кон соседна Хрватска, откри 12 деца кои билe скриени во затворени вагони со глина.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, меѓу децата имало и 14-годишно девојче кое било бремено. Овие 12 деца се само дел од група во која имало 30 мигранти, а се обиделе илегално да влезат на словенечка територија. Најголем дел од нив биле од Ирак, Сирија, Иран и Авганистан.

Луѓето биле скриени во затворени вагони во кои немало доволно кислород. Веднаш се префрлени во медицинскиот центар во Брежице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот