Словенечката опозиција смета дека законот за помош на стопанството е „празна лушпа“

Собраниската Комисија за економија го поздрави предлог-законот за помош на словенечкото стопанство за ублажување на последиците од енергетската криза.

Но, опозицијата предупреди дека предложените решенија се премногу скромни и доцни. Заменикот на НСИ, Јожеф Хорват, најмногу ги критикуваше предложените решенија, бидејќи Владата не научила ништо за време на епидемијата со ковид-19 и ги повторува старите грешки, објави Н1 Словенија.

„Законот е празна школка, само насловот е охрабрувачки“, рече Хорват. Според него, НСИ досега ги поддржувала сите закони со кои се давала помош на граѓаните.

„Тоа што овојпат го имаме на маса за нас не е прифатливо. Затоа нема да го поддржиме законот“, најави тој.

Пратеникот од СДС, Радо Гладек, ја критикуваше Владата пред се поради игнорирањето на повиците на компаниите за воведување на ограничување на цените. Тој, исто така, се запраша дали агенцијата „Спирит Словенија“ ќе може да се справи со сите апликации од компаниите. Миха Кордиш (Левица), пак, рече дека прво треба да се запрашаме како може цената на струјата да стане толку висока.

„Трошоците за производство на електрична енергија се однапред познати и никаде не се толку високи како моментално високите пазарни цени“, нагласи тој. Тој е убеден дека за тоа се виновни шпекулациите и погрешната концепција на пазарот, кој треба да произведува струја плански и во непрофитни услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот