„Слободен печат“: „Отворен Балкан“ е средство, а целта е членство во ЕУ

Печатеното издание на „Слободен печат“ донесува:

 

Хроника

Самитот во Охрид го поттикнува регионалниот економски развој: „Отворен Балкан“ е средство, а целта е членство во ЕУ

-„Отворен Балкан“ е наша, автохтона, органска иницијатива, создадена од нашите институции, сериозно поддржана од сите народи и етникуми што живеат во нашите држави. Сепак, тој не е никаква замена за европските интеграции – рече премиерот Димитар Ковачевски.

 

Чинот на младиот пејач не престанува да ја бранува политичката јавност: Ламбе херој, Ламбе жртва, Ламбе обичен вандал?

– Поддржувачите што настапуваат под слоганот „И јас сум Ламбе“, делото го оправдуваат со „поривот на Ламбе Алабаковски да го изрази својот револт за состојбата во која се наоѓа македонскиот народ“.

 

Економија

 

Бизнис-заедницата бара итни мерки од Владата: Не само на граѓаните, и на фирмите им треба помош

Државата да најде механизам да ја намали потрошувачката за 10 до 20 отсто, а да го зголеми нивото на производство на електрична енергија за 20 отсто. На таков начин би се создал јаз од 40 отсто, кој би се употребил за некакво регулирање на цената на струјата што се испорачува кон фирмите, вели претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

 

Според пресметките на синдикалците:  Минималната кошничка за пет месеци „скокнала“ за три илјади денари

 

Свет

Прво појавување во јавноста на поранешната германска канцеларка: Меркел не им верувала на убавите зборови на Путин

– Ангела Меркел призна дека никогаш не била наивна во разговорите со рускиот претседател.

 

Скопје

Градоначалникот на Карпош ја прекина долгогодишната коалиција: Јакимовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за притисоци, овие него за бетонизација

-Оваа општина и овој народ си избрале свој градоначалник, кој треба да ги штити нивните интереси, мораме да се спротивставиме на обидите за рекет и обиди за закани врз стопанственици од нашата општина, рече градоначалникот Стевчо Јакимовски.

 

Спорт

Фудбал, Лига на нациите: Македонија и Грузија во дуел за првото место

– „Рисовите“ вечерва во Скопје ја пречекуваат Грузија во третото коло од Лигата Ц, група 4, и со победа ќе го преземат првото место од гостите. Грузија е во подем на формата, ова ќе биде досега најтежок и најважен меч за Македонија сезонава во ЛН

 

Мозаик

 

На 13 јуни во малата сала на Филхармонија: Концертна промоција на албумот „АГОЛ“ на „Парусион груп ансамбл“

Михаил Парушев и неговиот „Парусион груп ансамбл“ на 13 јуни, понеделник, во малата сала на Филхармонија ќе одржат концертна промоција на новиот музички материјал насловен „АГОЛ“.

 

 

Трибина

Читајте ги нашите редовни колумнисти Мирослав Грчев, Александар Литовски, Марин Гавриловски, Бошко Јакшиќ….

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот