Сликовницата „Крилче“ раскажува приказна за една мила птица со златно срце

Насловна корица на сликовницата „Крилче“

Книгата „Крилче“ од авторките Клаудија Лагерман и Ханке Сименсма е прекрасна сликовница за деца над тригодишна возраст. Главниот лик, Крилче, е една мила птица која има огромен страв од летање. Така, кога неговите пријатели наесен ќе заминат во топлите јужни краишта, Крилче ќе остане сам. Сепак, Крилче можеби е плашлив, но тој има златно срце. Помагајќи им на сите животни што ќе ги сретне, тој за некое време ќе стане вистински херој.

Авторката Клаудија Лагерман работи како уредница во холандскиот весник за деца „Кидсвик“ и работи на развој на детски програми за холандската национална телевизија. „Крилче“ е нејзина прва сликовница.

Илустраторката Ханке Сименсма студирала на Кралската уметничка академија во Хаг. За нејзините илустрации во книгата „Малиот мудар волк“ ја добила наградата за најдобра детска книга на колеџот „Бенк стрит“ во 2021 година.

Сликовницата „Крилче“ на македонски јазик е објавена со превод на Маја Лазаревска во рамки на проектот „Соочување со неизвесноста: современа европска литература“, што издавачката куќа „Артконект“ го реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 219, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 24-25.02.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот