Сликовницата „Чуварот на ѕвездите“ од Лира Џокиќ ќе биде промовирана во КСП „Центар-Јадро“

Фотографија: Промо

Издавачката куќа „Кооперација“ на 6 мај (сабота), во 12 часот, во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје, ќе одржи промоција на новата детска сликовница „Чуварот на ѕвездите“, чиј автор е Лира Џокиќ, стручно лице по корпоративни комуникации и односи со јавноста.

Кариерниот пат ја води постојано во иста насока – работа на полиња кои, пред сѐ, бараат креативност и умешност со зборови: од односи со јавност и „copywriting“, до традиционален и дигитален маркетинг. Приватно, Лира е едно големо дете кое не престанува никогаш да сонува и да верува во магија.

„Чуварот на ѕвездите“ е нејзино прво книжевно дело, инспирирано од една мала сестра, а во текстот ќе се пронајдат сите чиј свет се врти околу две мали очиња кои кријат ѕвезди во себе и искрат љубов.

Дизајнот на илустрациите е дело на Ана Тодоровска, графички дизајнер и илустратор со долгогодишно работно искуство. Илустрирањето на сликовница за неа е прв проект од ваков тип, но процесот течел изненадувачки лесно, стилски адаптиран на содржината на приказната.

Долгогодишното пријателство помеѓу овие две млади жени јасно се отсликува во целиот креативен процес на оваа топла, детска приказна наменета за сите мали и големи сонувачи, надополнета со автентични илустрации. Едноставно, ќе се вљубите во ликот на Нова, а нејзината приказна има моќ да стане вашата нова омилена сказна за добра ноќ.

Настанот е замислен како синтеза од разговор, музика и пладневно дружење, а добредојдени се сите мали и големи деца, кои се во потрага по малку верба и ѕвезден сјај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот