Славниот режисер го прашал Путин да биде кум на неговата ќерка! (ВИДЕО) - Слободен печат

Славниот режисер го прашал Путин да биде кум на неговата ќерка! (ВИДЕО)

Славниот американски режисер Оливер Стоун го замолил Владимир Путин, претседателот на Русија, да биде кум на неговата 22-годишна ќерка Тара.

Неочекуваната молба не е изненадување, имајќи во предвид дека Стоун и Путин имаат близок однос и дека тој направил многу популарно интервју со шефот на Кремљ, како и дека го снимил документарецот „Борба за Украина”, во кој открива непознати детали за случувањата на Мајдан.

Путин според православните обичаи не ја одбил молбата, туку имал неочекувано прашање за Стоун.

„Дали твојата ќерка сака да премине во православие”, прашал Путин, на што режисерот му возвратил: „Нема проблем, ќе направи се што е потребно”.

Путин потоа му порачал на режисерот да ја праша својата ќерка дали сака да ја промени верата.

Како што пренесува порталот “Daily Beast”, Стоун на Путин потоа му се пожалил на американската култура и се поизразениот фокус во врската со половиот идентитет, бидејќи луѓето се повеќе се изразуваат како трансексуалци. Режисерот потсетил на контроверзниот закон усвоен во Русија во 2013-та година, кој забранува “хомосексуална пропаганда” меѓу малолетници, а за кој критичарите тврдат дека придонел за насилство кон хомосексуалците.

Транскрипти од интервјуто објавено во јуни биле поставени на сајтот на Кремљ пред премиерата на документарецот на Стоун за случувањата во Украина, кои земјата ја довеле на раб на граѓанска војна. Стоун, кој е познат по разоткривање на теории на заговори, во тој филм ги оспорува наводите дека Русија стои зад ликвидацијата на учесниците на протестите на Мајдан во 2014-та година, како и дека властите во Украина, а не официјална Москва, се мешале во американските претседателски избори во 2016-та.

„Изгледаш многу депресивно, многу подепресивно од последниот пат кога се видовме. Многу сум загрижен за тебе”, му рекол Стоун на Путин во еден момент.

Прочитај повеќе

Клинтон го критикува Сандерс: Никому не му се допаѓа, никој не сака да работи со него

Слободен печат

Обидот за постигнување компромис и носење на законот за ЈО- тема во „Седма сила“

Слободен печат

Што ја чека руската економија?

Слободен печат

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Слободен печат

Уставните судии поделени за амнестијата за „27 април”

МИА Агенција

Виена ја поддржува реформата на процесот за проширување на ЕУ за тој да биде побрз и појасен

Слободен печат

Остави Коментар

three × one =

Прочитај повеќе

Поради укинувањето на употребата на јаглен, 4,8 милијарди евра за работниците во Германија

Слободен печат

Грчкиот парламент ја избра Екатерини Сакеларопулу за претседателка на Грција

Слободен печат

По изборите ќе се анализираат забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазици

Слободен печат

Тинејџерка во Украина ја бранела мајка си од пијаниот татко, а тој ја полил со бензин и ја запалил

Слободен печат

Пендаровски-Ривлин: Еврејската заедница во Северна Македонија придонесува за одличната соработка со Израел

Слободен печат

Сен Пол: Ветото на Франција не значеше „не“, туку треба да се почека

Слободен печат