Славеле за положен испит по анатомија: На 28 студенти им се заканува казна од по 2000 евра

УКИМ
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против вкупно 28 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, сите на возраст од 20 и 21 година, на 21 мај во раните утрински часови, биле затекнати при проверка во стан на улицата „Славејко Арсов“ каде биле собрани на прослава за положен испит по анатомија. Со ова тие постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на коронавирусот, а со кои се забранува групирање на прослави и други собири заради заштита на здравјето на населението.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог да определи парични казни за сите обвинети од по 100 дневни глоби, при што поединечната вредност на дневната глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот