Скопје денеска е четврти најзагаден град во светот

Фото: ЕПА / Ѓорѓи Личовски

Специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „Ај-Кју Ер“ денеска го рангира Скопје на четврто место во свет според загаденоста на воздухот со индекс од 172, а второ место во Европа.

Фото: Ај-Кју Ер

Најзагаден град во светот е Сараево, потоа следуваат Делхи и Колката.

Според податоците од „Ај-Кју Ер“, мерната станица во Лисиче покажува високо ниво на загаденост со индекс од 179, потоа следуваат Карпош со 172 и Центар со 166. Високо ниво на загаден воздух има и во Гази Баба и Кисела Вода.

Фото: Ај-Кју Ер

Во услови на загаден воздух, се препорачува малите деца, бремените жени, хроничните болни и повозрасните луѓе да не излегуваат на отворено, граѓаните да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да го користат јавниот превоз. Се повикуваат сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат ако немаат регулирано испуштање на отпадните гасови, а граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот