Скопјанец осомничен за недозволено поседување оружје и муниција

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, во својот дом на улица „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, неовластено држел оружје и муниција: еден пиштол марка „FEG” со калибар 9 мм Para со рамка со 13 куршуми од тој калибар, еден пиштол KEL-TEC CNC INC со калибар 380 Auto со рамка со 5 куршуми, 17 куршуми револверска муниција со калибар 7.5 mmR, 3 куршуми за полуавтоматско и автоматско оружје со калибар 7,62 Х 25 мм, како и 105 куршуми со калибар 9 мм Para- стои во соопштението на ОЈО Скопје.

Оружјето и муницијата биле пронајдени и одземени при претрес на домот на осомничениот на 29 јули.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на тоа дека осомничениот 22-годишник би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот