Складирање путер: Чувајте го подалеку од продукти кои имаат специфичен мирис

Фото: Pixabay

Со него јадењата се повкусни, покремасти и попривлечни. Секако станува збор за путерот, а за да го имате дома секогаш при рака, ви откриваме правилно да го складирате.

Сигурно сте се соочиле со ситуација кога сакате да подготовите вкусни кроасани или лиснато тесто, а да немате путер, кој е главен продукт за подготовка на овие јадења. Но, добра вест е дека путерот многу добро се замрзнува, а постапката за замрзнување и одмрзнување е многу едноставна и брза.

Тоа значи дека следен пат во продавница кога ќе начекате путер на акција, можете без проблем да купите повеќе парчиња, за да го имате секогаш при рака за изработка на тесто за пити, компир пире или кроасани. Од друга страна, ако путерот не го користите често, можете да го замрзнете и да го извадите од замрзнувач кога ви треба.

Колку долго путерот може да стои замрзнат

Путерот најдобро е да го замрзнете на шест до девет месеци. Секако, можете да го замрзнете и на подолго време, тој и понатаму ќе биде безбеден за користење. По подолго време можете да забележите промена во текстурата или да почувствувате мириси од замрзнувачот, кои лесно се „вовлекуваат“ во путерот. Секогаш најдобро е да го замрзнете путерот додека е свеж, затоа водете сметка за датумот на пакувањето.

фото:пиксбај

Како да го замрзнете

Ако е можно путерот оставете го во оригиналното пакување, а потоа ставете го во кесички за замрзнување кои можат да се затворат и да го заштитат путерот од мирисите во замрзнувачот.

Во замрзнувач најдобро е путерот да стои подалеку од сè што би можело да има мирис. Како и кај останатите производи кои ги замрзнувате, пакувањето обележете го за лесно да го препознаете и навреме да го употребите.

Најдобар начин за одмрзнување

Смрзнатиот путер можете лесно да го одмрзнете во фрижидер за 6-7 часа или преку ноќ. Ако брзате, замрзнатиот путер можете да го изрендате на крупно ренде и да го користите за изработка на пити или лиснато тесто, бидејќи ладен во мали парчиња брзо ќе се топи и спои со брашното.

За други намени, на пример за да го измешате со шеќер за изработка на колачи, изренданиот путер пред употреба ставете го на собна температура. Ако за подготовка на слатки ви треба мек или путер на собна температура, обидете се да ја избегнете микробрановата печка, бидејќи во неа путерот нерамномерно се топи. Но, ако брзате, користете ја внимателно во кратки интервали. По одмрзнување путерот треба да го искористите во рок од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот