Скандал во сплитски ресторан: Поради ужасна причина, исфрлени трудница и двегодишно девојче

сплит
Сплит / Фото: Архива на Слободен печат

Еден сплиќанец, неговата бремена сопруга и и нивната двегодишна ќерка доживеале многу непријатно искуство во ресторан во центарот на градот, пренесува хрватскиот портал „Далмација данас“.

Како што пишуваат, мажот и неговото семејство биле исфрлени од локалот бидејќи не сакале да нарачаат ништо за јадење, туку решиле да испијат пијалак набрзина.

Како што тврди сплиќанецот, тој, бремената жена и девојчето биле исфрлени од кафе-ресторан бидејќи не сакале да нарачаат ништо за јадење, туку решиле да се напијат само пијалак.

Подолу е статусот на Фејсбук на човекот кој, очигледно, не е добредојден во родниот град ако не мисли „да остави пари“.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/Далмација данас

„Она кога ќе станеш непожелен во сопствениот град! После два месеца што не сум бил во центарот на Сплит, тројцата одиме на прошетка. По некое време на Пјаца, решаваме да седнеме на пијалак во кафе ресторан. Седнуваме на маса на која е ценовник на пијалаци. Откако келнерката дојде кај нас и на англиски нѐ праша што ќе јадеме, ние на хрватски одговараме дека само ќе се напиеме пијалак. Келнерката вели дека можеме да останеме само ако јадеме. Ја замолувам да останеме само на кратко и да испиеме пијалак, бидејќи бремена и не може повеќе да шета. Таа оди кај менаџерот и се враќа и вели: ‘НЕ МОЖЕ!’ Благодарам на сопствениците и персоналот на кафулето и ресторанот на Пјаца. Запрашајте се самите за себе што сте и какви сте кога поради неколку евра исфрливте трудница и двегодишно девојче“, напишал тој на Фејсбук.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот