Скандал во Боливија: Цело фудбалско првенство прекинато поради местење натпревари

Фото: EPA-EFE/Jhon Paz

По неполни 25 кола цело фудбалско првенство во Боливија е прекинато поради сомневање за наместени натпревари.

Овие информации ги објави претседателот на фудбалскиот сојуз, Фернандо Коста кој на конференцијата за медиумите зборуваше транспарентно.

„Донесена е одлука да се прекине двокружното натпреварување во првенството националниот куп. Постојат сериозни индикации дека има повеќе режирани натпревари во двете натпреварувања“, објави Коста.

Засега не е познато што ќе се случува понатаму, појасна слика би требало да има по средбата на претставниците на федерацијата со 17 претставници на клубовите и делегатите на деветте регионални сојузи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот