СКАНДАЛ: Најмалку 120 свештеници во Њујорк сексуално злоставувале деца, објавен список на имиња

фото EPA-EFE/AMMAR SALIH

Епархијата на Њујорк соопшти дека најмалку 120 свештеници обвинети за сексуални блудничења врз деца или за детска порнографија, работеле во неа во изминатите години.

Втората најголема епархија во државата објави список со имиња на тие свештеници. Меѓу нив има епископи и познат кардинал.

Тоа е нов список со свештеници обвинети за сексуално злоставување деца откако Католичката црква зема предвид барања за транспарентност за злоупотреби од свештеници. Кардиналот Томоти Долан изјави дека тоа е „срам, фрлен врз црквата заради сексуалните злоставувања на деца”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот