Сите сме имале емотивна врска поради која се каеме: Што можеме да научиме од тоа?

Фото: Unsplash / Birmingham Museums Trust
Фото: Unsplash / Birmingham Museums Trust

За подобро да разбереме што значи каењето за одредени релации што прекинале, ќе ви илустрираме пример за четири жени, две пријателства и пар „отворени или затворени врати“.

Во доцните 80-ти, Весна беше студентка на Универзитетот, каде се спријатели со Јана. И двете беа дел од заедничка студентска организација од 40 жени. Во групата студентки, овие две девојки биле најсериозни во својата амбиција. Весна стана претседател на студентското здружение, а Јана организатор на целото студентско тело. Меѓусебно си беа поддршка, ентузијастички смислувајќи планови со амбиција да го освојат светот. По дипломирањето, Весна се омажи, а Јана секако дека и беше старосватица. Се преселија и не се гледаа толку често, но Весна ја покани Јана на гости. Идејата беше да „ѝ намести“ момче, пријател на нејзиниот сопруг. Или послободно речено, да биде поводаџија.

Весна беше одбиена за предлогот, затоа што Јана веќе изглегувала со некого две години. Јана учтиво ја одбива и поканата да ја посети пак. Без драма и тешки чувства, жените се одалечија една од друга. Во текот на следните неколку години, двете другарки си пишувале писма, си се јавувале телефонски, но постепено и оваа релација прекинува. Не разговараат повеќе од 25 години. Не се виделе лично од свадбата на Весна.

„Немавме никаков проблем, само едноставно дозволивме да се одалечиме. Жалам што немам веќе таква другарка во мојот живот“.

Во човечката структура на „каењето“, оние врски кои завршиле, а се каеме што е така, се најголема категорија во длабочината на нашата природа. Тие се појавуваат во ситуации кога релациите се „незавршени“ или едноставно, пропуштени. Овие видови врски се различни – можат да бидат помеѓу партнери, брат и сестра, родители, деца, пријатели, коелги… Исто така и природата на нивното разорување, варира. Некои врски се прекинуваат. Некои просто замруваат. Некои воопшто немале добар, длабок почеток.

Во секој случај, овие покајувања се заеднички именител. Врската која што некогаш постоела, веќе не постои. Многу пати, во многу различни улоги, ние сме тие што го затвораме кругот, но тоа бара напор, како и емоционална несигурност, и ризикуваме да бидеме отфрлени. Така што, ние се соочуваме со изборот: Дали ќе ја одржите врската целосно, или ќе оставите да биде „нерешена“?

Третата жена во приказната е Емилија. Во средно училиште, се запозна со Ана. Ана беше дете со „клуч на врат“, а живееше неколку згради позади училиштето. Емилија и Ана се дружеле интензивно по часови, а бидејќи Ана беше сама додека да дојдат родителите од работа, тие две уживале во слободата во празна куќа. Емилија се сеќава дека тие години ѝ биле најсреќни во животот. Поврзувањето со блиска пријателка во таа возраст за неа било многу значајно. А кому не би му било?

Емилија и Ана остануваат блиски пријателки и по завршувањето матура, и тргнувањето на факултет, секоја со својот пат, а и семејство подоцна. Во 2005та, сопругот на Ана им јавува на сите пријатели и пријателки на Ана дека ѝ е дијагностициран рак кој се шири агресивно. Емилија тогаш посака да ѝ се јави на Ана. Но, го одложи јавувањето.
Подоцна, една ноќ во 2008, Емилија доби порака од заедничка пријателка со Ана, дека Ана веќе не е добро и сериозно ја губи битката со ракот. Следниот ден, Емилија сакала да се слушне со Ана. Но, човекот кој кренал на телефон, пренесува дека таа починала утрината.

„Никогаш нема да заборавам колку во тој миг сфатив дека ја изгубив единствената прилика за да го слушнам нејзиниот глас“ – вели Емилија.

Луѓето честопати зборуваат околу она што се каат во рамки на некакви „отворени/затворени врати“.  Во случајов, Емилија има затворена врата, ниту можност да ја обнови врската со Ана, кога веќе неа ја нема.

Но, затоа пак Јана и Весна имаат можност повторно да се поврзат, тоа е отворена врата.  И обете релации завршиле поради различни причини. Затворените врати речиси секогаш ни создаваат стрес и траума затоа што не можеме да направиме ништо околу нив. Но, затоа пак отворените се полесни, и истовремено создаваат непријатност затоа што мора да се вложиме во нив ако сакаме релацијата да трае.

Во една светска анкета, преку 18 илјади испитаници од преку 109 земји се изјасниле дека идејата за загуба во животот ја поврзуваат со „затворена врата“. Исто така, во 2012, во една научна студија на Мајк Морисон, Каи Епстуд и Нил Роес, заклучокот е дека чувството на каење во врска со социјалните релации е многу подлабоко од останатите вакви чувства, затоа што е поврзано со ЧУВСТВОТО НА ПРИПАДНОСТ.

Кога врските околу нас се распаѓаат, ние страдаме. И кога е наша вина, страдаме уште повеќе.

„Потребата да се припаѓа, не е само човечки порив, туку и фундаментална компонента на каењето“.

Затворените врати на каењето ни создаваат тежина, затоа што не можеме да ги поправиме. Нив не можеме да ги вратиме. Но, преку нив, можеме да станеме подобри.

Во списанието Harvard Gazette, студијата која истражувала зошто луѓето се разликуваат во однос на работата, љубовта и социјалните интеракции, поврзани со чувството на каење или жалење за одредени врски, го сумира сево ова на следниов начин:

„Блиските релации, многу повеќе од парите и славата се оние што нѐ прават среќни низ животот. Тие нишки помеѓу нас ни го оддржуваат животот стабилен, ни помагаат да останеме ментално и физички здрави и се показател за долг и среќен жвот, коефициент на интелигенција, дури и гени.

Џорџ Валиант, психијатар од Харвард, ја следи студијата повеќе од 30 години и во бројните неиздадени публикации, даде кусо објаснување што научил. По многу декади, илјадници испитаници, стотици интервјуа и милиони податоци, тој само изјави „Среќата е љубов. Точка“.

Она што му дава значење и задоволство на нашиот живот, се смислените, трајни односи. Кога тие се распаѓаат, дали намерно или од невнимание, она што стои на патот на одновото спојување е чувството на незгодност. Се плашиме дека ќе ги расипеме сите наши напори одново да се поврземе, и дека тоа ќе ја направи целата ситуација уште понепријатна. Сепак, овие грижи се скоро секогаш погрешни. Секако, понекогаш ќе добиеме одбивање. Но, почесто, ние преценуваме колку непријатно ќе се чувствуваме и потценуваме колку другите ќе ги поздрават нашите обиди за одново поврзување.

Така што, овој едноставен проблем има уште поедноставно решение. Исфрлете го чувството на незгодност.

Кога Емилија размислува околу своето каење поради „затворената врата“ во односот со Ана, би сакала да може да се врати назад во времето, да ја увери помладата Емилија дека „иако ќе се чувствуваш непријатно, застрашувачки, сепак ќе ти биде драго да поминеш низ тоа искуство, не само поради тоа што ќе добиеш одговори на многу прашања, туку ќе направиш и добро за другата личност“. Сите овие четири клучни човечки покајувања откриваат потреба и носат лекција. За да жалиме за некаква релација, потребна е љубов. Не само во романтична смисла, туку и широка верзија на љубов која вклучува приврзаност, лојалност и заедница која ги опфаќа родителите, децата, браќата, сестрите, пријателите…

Лекцијата за затворената врата значи – следниот пат нека биде подобро. Лекцијата на отворената врата е – направете го чекорот сега. Ако врската ви значи, јавете се. Направете кафе-муабет. Кажете што чувствувате. Избркајте го чувството на нелагодност и пружете рака.

 

Текстот е адаптиран од Ideas.ted.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот