Синер ја надмина границата од 20 милиони долари заработувачка од турнири

EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Јаник е само третиот тенисер роден во 2000 година или подоцна од која било земја кој надминал 20 милиони долари во парични награди во кариерата

Јаник Синер постигна многу на Мајами опен. Тој стана првиот италијански играч кој некогаш победил на турнир од рангот на Мастерс 1000 и првиот Италијанец кој стигнал до топ-2 во историјата на АТП или ВТА рангирањето.

Но Синер постигна и финансиски успех. Тој надмина заработнувачка од 20 милиони долари во парични награди од настапи на турнири во кариерата.

Италијанецот (22) отиде во Мајами со 19.921.773 долари во парични награди на турнири низ целата кариера. Тој ќе ја поминеше границата од 20 милиони долари само со пласман во осминафиналето во Мајми, но со освојувањето на титулата и со победничкиот чек од 1,1 милион долари стигна до вкупна заработнувачка од 21.021.773 долари.

Тој е првиот италијански тенисер кој надминал 20 милиони долари од наградни пари во кариерата во историјата на АТП или ВТА.

Јаник исто така е само третиот тенисер роден во 2000 година или подоцна од која било земја кој надмина 20 милиони долари во парични награди во кариерата, по Шпанецот Карлос Алкараз (28.762.147 долари) и Полјачката Ига Швјонтек (27.169.071 долари).

Со 3.978.338 долари од награди, Синер заработи речиси двојно повеќе од секого во машка конкуренција. Следен е Медведев со 2.220.917 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот