Синдикат на МАНУ: Дали Академијата прераснува во приватна фирма која свесно го блокира предлог-законот за платите на вработените?

Живко Попов Ману/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

МАНУ сè повеќе тоне како Титаник во морето на инертност, обезличеност и бесперспективност, наместо да биде прва флота во општествената регата. Бурата не стивнува, напротив, ветриштата дуваат сè посилно, реагираат од синдикалната организација при Академијата, откако претходно го повика раководството на МАНУ да одговори на три прашања поврзани со предлог-законот на МАНУ кој не беше донесен во Собранието, а со тоа и платите на вработените останаа неусогласени со платите на вработените во сите установи во јавниот сектор.

-Синдикалната организација при МАНУ, како што беше најавено во претходните две соопштенија до медиумите, објавени на 1 април и на 3 април 2024 година, продолжува со информирање на јавноста дека зад молкот се кријат превирања и игри што ги тресат ѕидиштата на тврдината МАНУ, се вели во соопштението.

Синдикатот на МАНУ реди прашања до раководството на Академијата откако платите им останаа исти, а законот не се донесе

Оттука, Синдикатот прашува зошто раководните структури на МАНУ не побараа помош и поддршка од „очигледно помоќната група академици со албанска етничка припадност и од народните избраници од албанскиот блок“, ако веќе немаа доволно капацитет да креираат стратегија за решавање на прашањето за усогласување на платите на вработените во МАНУ со платите на вработените во сите јавни високообразовни и научноистражувачки установи во земјата.

-Имајќи предвид дека последните законски измени (во 2009 и во 2012 година) се носени по Бадинтер, туку поради својата суета промислено ги истиснаа од играта, па вработените останаа на ветромет, а МАНУ надвор од системот? А потоа и децидно прашуваме: 1) зошто молчат академиците со албанска етничка припадност, зар тие не се дел од МАНУ, и 2) која е заднината поради која пратениците од албанскиот блок, како избраници во народното собрание, гласаа против вработените во МАНУ?, се наведува во соопштението.

Од Синдикатот исто така прашуваат зошто се злоупотребува организациската поставеност во МАНУ, во која, како што велат академиците, со статус на невработени лица во институцијата кои, и покрај постојните приходи, примаат и академска награда, месечно и доживотно, како општествено признание, а не плата како егзистенцијален приход.

-Наместо да ја играат очекуваната општествена улога, парадоксално, се наметнуваат како несоборливи моќници поигрувајќи си со судбината на дискриминираната категорија вработени во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ и игнорирајќи го нивниот глас, иако нивната егзистенција зависи токму од оваа институција, а со цел да се задоволат нечии политички и други интереси?, додаваат од Синдикатот.

Оттаму прашуваат дали МАНУ прераснува во приватна фирма која свесно го блокира предлог-законот.

-Дали МАНУ прераснува во приватна фирма чии стопани, под превезот на декларирањето за критериумите за стручност и компетентност, свесно го блокираа Предлог-законот за МАНУ за да продолжи препознатливата селекција според некои измислени критериуми за избор на пулените на моќниците на кои им се овозможува да уживаат нелегитимни привилегии и права според критериумот за заемна услужност? МАНУ сè повеќе тоне како Титаник во морето на инертност, обезличеност и бесперспективност, наместо да биде прва флота во општествената регата. Бурата не стивнува, напротив, ветриштата дуваат сè посилно, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот