Силјановска Давкова: Оваа влада вети многу, не исполни ништо

Гордана Силјановска Давкова/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Од вечерашниот митинг пред Владата во Скопје со кој и ја започна својата кампања, кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова најави дека ќе ги претставува сите без никаква поделба. Таа порача дека оваа Влада ветила многу работи а ништо не исполнила.

„Бидете сигурни дека ќе ве направиме горди. Сум ги направила горди моите студенти и како пратеничка гордо ве застапував вас, за разлика од нив. Проверете ја и утврдете ја разликата. Споредете што зборуваат едните, а што другите. Не правиме компромис со вредности, немаме право на тоа, зошто така ја нагризуваме гордоста на Македонија“, рече Силјановска Давкова.

Таа порача дека нема да оди надвор од земјата и да преговара без да оствари консензус за клучните прашања за државата.

„Само најуспешните, најстручните и најпочитуваните можат да ни ја вратат гордоста и така веќе нема да бидеме најнесреќниот народ, изјави Силјановска Давкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот