Силен земјотрес на Алјаска со јачина од 8.2 степени, издадено предупредување за цунами

Земјотрес /Фото: МИА

Силен земјотрес, со јачина од 8,2 степени по Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на американската држава Алјаска. По земјотресот активирана е тревога за можно цунами. Многу силниот земјотрес е евидентиран на околу 91 километар источно-југоисточно од Перивил, Алјаска, и се случи околу 22:15 часот, среда навечер, по локално време, односно утрово по централноевропско време, соопшти Американскиот геолошки завод.

Регистриран на длабочина од 46,7 км, земјотресот се смета за плиток. Плитки земјотреси се со длабочина помеѓу 0 и 70 километри. Следуваа најмалку два силни вторичини потреси, со магнитуда од 6,2 и 5,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти геолошкиот завод.

На Алјаска, Националниот центар за предупредување за цунами издаде тревога за јужните делови, Полуостровот и крајбрежните области на Пацификот од Хинчинбрук до преминот Унимак.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами издаде предупредување за американската држава Хаваи и американската пацифичка територија Гуам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот