Си-Ен-Ен: САД очекуваат да се намалат воздушните напади на Газа, а да се засили копнената операција

Американската влада очекува кампањата на Израел против Хамас во Појасот Газа да влезе во нова фаза во наредните денови, се наведува во извештај на американски медиуми.

Си-Ен-Ен, цитирајќи висок владин функционер во Вашингтон, јави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден очекува намалување на воздушните напади и посилен „тактички фокус на копнената кампања“. Официјалниот претставник рече дека целта најверојатно ќе биде да се уништи огромната мрежа од комплекси на подземни тунели на Хамас. Додека хуманитарната помош продолжува да се испорачува во Појасот Газа, американската влада очекува „намалување на она што го видовме“ во однос на масовните израелски воздушни напади.

По нападите на 7 октомври на палестинската екстремистичка група Хамас, која владее со Појасот Газа, Израел соопшти дека нападнал повеќе од 12.000 цели. Во меѓувреме, копнените трупи напредуваат против терористите на Хамас. Израел ги објави своите планови да го уништи Хамас откако неговите милитанти во серија напади убија 1.400 луѓе и држат 249 заложници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот