„Си-Ен-Ен“ објави студија: Вакцината на „АстраЗенека“ „не дала заштита од јужноафриканскиот сој на ковид-19“

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Мала студија за вакцината на „АстраЗенека“ против ковид-19 во Јужна Африка открива дека вакцината „не покажала заштита од благ до умерен ковид-19“, поради варијантата која широко циркулира таму, според резултатите објавени во вторникот во „New England Journal of Medicine“.

Резултатите беа првично објавени на почетокот на февруари од Универзитетот во Оксфорд. Тие одиграа клучна улога во Јужна Африка, намалувајќи го користењето на вакцината на АстраЗенека минатиот месец.

Студијата не покажала ефикасност на вакцината против варијантата позната и како B.1.351, затоа што бројот на лица заразени во групите со вакцини и плацебо не биле значително различни едни од други.

Студијата вклучувала околу 2.000 ХИВ-негативни луѓе со средна возраст од 30 години, подеднакво поделени помеѓу група на вакцини и група на плацебо. Од вкупно 42 учесници во студијата кои развиле ковид-19 повеќе од две недели по втората доза, се покажало дека сите освен тројца ја имаат варијантата B.1.351.

Студијата, исто така, ја тестирала крвта на некои вакцинирани учесници против живи и инженирани вируси во лабораторијата, покажувајќи дека нивните антитела имале потешкотии во неутрализирање на варијантата.

Како одговор на претходните објави за овие резултати во февруари, „АстраЗенека“ рече дека сè уште верува дека нејзината вакцина може да заштити од тешка болест и хоспитализација предизвикана од варијантата. Како и да е, оваа студија на претежно млади, здрави луѓе не беше во можност да процени дали вакцината ќе биде ефикасна против тешкиот облик на болеста.

– Немаше забележано случаи на хоспитализација поради тежок облик на ковид-19 во студијата, напишаа авторите на студијата.

Во различно истражување минатиот месец, вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“ против ковид-19 покажа вкупна ефикасност од 66,7 отсто против симптоматска болест, почнувајќи две недели по втората доза, заснована на анализа на повеќе од 17.000 волонтери во Велика Британија, во Бразил и во Јужна Африка, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот