Шведска и Данска размислуваат да го забранат палењето на Куранот

Фото: Твитер

Шведска и Данска размислуваат да го забранат палењето на Куранот бидејќи тоа ја загрозува нивната безбедност и предизвика силни протести во муслиманските земји, пишува ДПА.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека е во близок контакт со неговата данска колешка Мете Фредериксен за можната забрана.

„Се наоѓаме во најсериозна безбедносна ситуација од Втората светска војна“, напиша синоќа Кристерсон на Инстаграм, додавајќи дека многумина би можеле да ја искористат ситуацијата.

Данската влада, претходно, најави дека ќе разгледа серија правни лекови за забрана на палење на Куранот пред странските амбасади.

-Дозволено е да се критикуваат религиите, изјави шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен. „Но, ако застанете пред странска амбасада и запалите Куран или запалите свиток од Тора пред израелската Амбасада, тоа не служи за ништо друго освен за потсмев“.

Тоа, меѓутоа, ја загрозува колективната безбедност на земјата, рече тој.

Неодамна, мали групи таканаречени патриоти запалија копии од Куранот за време на исламофобични акции во Шведска и Данска. Ова доведе до лути протести и закани во неколку муслимански земји. Особено силни реакции имаше во Ирак, чија влада го протера шведскиот амбасадор. Претходно демонстрантите во Багдад упаднаа во шведската Амбасада и ја запалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот