Швајцарија ги заострува мерките

Ковид Швајцарија/ Фото EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Швајцарија најави дека од понеделник ќе воведе построги мерки против ковид-19, како дел од борбата на владата да го спречи зголемувањето на бројот на новозаразени, како и доаѓањето на новата варијанта омикрон во земјата.

Државата ќе ги прошири условите за носење маски и ќе воведе ковид-потврди, објави Ројтерс.

Маските ќе мора да се носат во затворени простории, каде ќе важи обврската за покажување ковид сертификати.

Владата ја повтори пораката до граѓаните да работат од дома и ќе дозволи пристап до одредени објекти и собири само на лицата кои се вакцинирани или оздравеле од коронавирусот.

Мерките ќе стапат на сила од понеделник, 6 декември, а ќе важат до 24 јануари.

Федералниот совет моментално ја оценува ситуацијата како многу критична, се вели во соопштението на владата.

Појавата на варијантата омикрон, исто така, поставува нови предизвици во одговорот на пандемијата, се вели во соопштението.

Во Швајцарија веќе се потврдени три случаи на омикрон варијантата, соопшти Федералната служба за јавно здравје, каде лицата се ставени во изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот