Швајцарија ги заoструва анти-ковид мерките

Ковид Швајцарија/ Фото EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Швајцарија од понеделник ќе ги заостри анти-ковид мерките во обид да го спречи петтиот бран на пандемијата и да го спречи ширењето на варијантата Омикрон.

Некои од мерките ќе опфаќаат строго ограничување на пристапот на невакцинираните лица на јавни места и обврска за работа на далечина, соопшти федералната Влада.

– Само на вакцинирани или луѓе кои прележале сега ќе им биде дозволен влез во ресторани, културни објекти и спортски и забавни објекти, како и на настани во затворен простор, се вели во соопштението на Федералниот совет.

Во Швајцарија, овие мерки се нарекуваат 2G, од германските зборови „genesen” (излекуван) и „geimpft” (вакциниран).

Со приближувањето на божиќните празници, кои во Швајцарија вообичаено се слават во кругот на семејството, приватните собири ќе бидат ограничени на 10 лица, меѓу кои и деца, доколку еден од гостите кој наполнил 16 години не е вакциниран или не прележал.

Според федералните власти, овие мерки треба да го спречат ширењето на заразата меѓу невакцинираните луѓе, „бидејќи полесно го пренесуваат вирусот и имаат поголема веројатност да наидат на компликации кога ќе се заразат”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот