Штрајк на пилотите на „Луфтханза“, откажани сите летови

Германската авиокомпанија Луфтханза
Авиони на германската авиокомпанија Луфтханза / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Поради еднодневен штрајк на пилотите, германската авиокомпанија „Луфтханза” за утре откажува над 800 летови, активност што во крајна линија ќе засегне повеќе од 130 илјади патници.

Како што е посочено од компанијата, последиците од штрајкот ќе се почувствуваат во текот на престојниот викенд.

Авионите на „Луфтханза” лоцирани во странство утре ќе се вратат во Германија, но патниците на кои Германија им е попатна станица патувањето ќе можат да го продолжат дури во текот на викендот.

Сите летови што поаѓаат од германските аеродроми ќе бидат заегнати од штрајкот, со исклучок на летовите на подружницата „Еуровингс”.

Ова е втор поголем штрајк изминатите неколку седмици. На крајот на јули, „Луфтханза” беше принудена да откаже повеќе од илјада летови поради штрајк на персоналот на аеродромите.

Синдикатот на пилотите бара зголемување на платите за 16 отсто, што досега беше одбивано од раководството.

„Немаме ни најмало разбирање за тековниот штрајк. „Луфтханза” на пилотите им понуди повеќе од поволен пакет”, соопшти управата на компанијата.

Пилотите на „Луфтханза” се меѓу најдобро платените пилоти во светот. Почетната годишна плата е 70 илјади евра, а капетан со долгогодишно искуство може да заработи повеќе од 275 илјади евра годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот