Што значи поставување финансиски цели?

EPA PHOTO EPA/FRANK MAY

Како што во животот имаме цел да постигнеме одредени нивоа во работата, професионалните и приватните односи, голем и важен дел е да постигнеме и одредена финансиска стабилност. Кога времињата се предизвикувачки, нестабилни, има препреки и многу промени, ова е навистина силна и важна алка во процесот на менаџирање на Вашите финансии.

За да можете поуспешно да се водите низ овој процес, важно е да разберете дека успешното раководење со финансииите е круцијален момент за остварување на она што го сакате во животот. Без разлика дали станува збор за ново парче облека, подобар мобилен телефон, отворање сопствен бизнис или купување куќа, важно е да имате план и да се стремите да го остварите.

Каква е моќта на вашите финансии и што е важно да знаете?

Важно е да си ги знаете целите – а тие во банковниот речник значат нешто мерливо. Можат да бидат краткорочни, среднорочни и долгорочни.

Прва и најважна цел е заштедата за вонредни ситуации. За тоа ви е потребен резервен фонд или покритие „за секој случај“. Во најголем дел од непредвидливите ситуации, потребни се парични средства. Затоа, во Халкбанк АД Скопје имате најповолни можности за добра заштеда. Со услугата за генерално штедење, имате можност вашиот влог да расте сигурно и стабилно. Поволните услови за штедење значат и можност за повеќе пари за вас и вашата иднина. Ова би значело, долгорочна цел за акумулација на средства кои би ви биле резервен фонд за што и да ви е потребно во несекојдневни ситуации.

За да си ја подобрите финансиската благостојба, имајте постојано увид во Вашата моментална финансиска состојба и внимателно направете план на идните фиксни и предвидливи финансиски трошоци– проценката е важна. Не само поради начинот на кој ќе си ги планирате вашите средства, туку и да имате увид колку пари имате, колку пари ви преостануваат откако ќе ги исплатите тековните трошоци. За сево ова најдобро е да имате финансиски извештај. Тоа значи дека сите ваши приходи и расходи ќе ги имате постојано на увид. Со цел да се подобри корисничкото искуство, во Халкбанк АД Скопје имате совршена можност да го следите вашиот биланс, без оглед дали станува збор за банкарски депозит, штедни влогови или тековна состојба преку мобилното банкарство.

Преку поставување на финансиски цели, можете да одредите каде и по која основа ќе остварите приливи на пари и со кои намени ќе ги трошите. Особено е клучно да имате приоритет што ви е важно во животот на вас и вашите најблиски и почнете да запишувате уште денес – ќе ви биде полесно да остварите и да раководите со вашите финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот