Што прави денеска: Маја Кикириткова, модна дизајнерка

маја кикириткова
Маја Кикириткова / Фото: Приватна архива

Етаблираната дизајнерка Маја Кикириткова е едно од најзвучните имиња на нашата модна сцена. Со години активно и посветено твори, успешно навигирајќи помеѓу работата, професијата и родителството.

Познатата дизајнерка и инфлуенсерка е мајка на две прекрасни деца, Ева и Лазар, кои ги има со својот сопруг Александар. Маја многупати отворено зборувала за мајчинството, за целата убавина што ја носи, но и за сите стравови и тешкотии низ кои поминала со безрезервната поддршка од нејзиниот сопруг.

маја кикириткова
Маја / Фото: Приватна архива

Како изгледа еден ден на Маја Кикириткова?

„Денот ми започнува во 6.30, кога се будиме со децата, ги подготвувам за во градинка, а потоа доаѓам дома и го пијам утринското кафе сама, го правам планот за тековниот ден и започнувам со работа.

маја
Ева и Лазар / Фото: Приватна архива

Ги везам куклите од „Совршен Пар“, па потоа ги пакувам и ги праќам до моите клиенти. Во меѓувреме, завршувам и некои тековни обврски, околу 13-14 часот правам ручек, ги земам децата од градинка и тогаш следи раздвижувањето низ дома.

маја кикириткова
Маја / Фото: Приватна архива

Лазар и Ева се активни деца и сакаат постојана занимација, па од земањето од градинка до легнување, денот го поминуваме заедно.

Лазар и Ева / Фото: Приватна архива

Можеби некоја прошетка, дружба со пријатели, одење на англиски, или едноставно дома, каде што сите четворица играме и се забавуваме.

Семејството на Маја / Фото: Приватна архива

Децата ги легнувам во периодот од 21 до 22-22.30, а додека легнам и јас, времето го поминувам за себе и сопругот.

маја
Маја / Фото: Приватна архива

Речиси секој ден е ист, со исклучок на викендите, кога одиме некаде, правиме пикник или едноставно се дружиме со пријатели“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот