Што може да значи кога вашето куче постојано лае?

куче што лае
Фото: Pexels / Manel Vazquez

Промената на однесувањето на кучето, кое постојано лае бара многу труд, време, пракса, упорност и трпение. Првото правило е смирено и одлучно да му се обраќате на кучето кое се однесува вака, и никогаш да не го повишувате тонот.

Ако вашето куче лае кога е само во домот, обидете се да го изморите со некаква активност пред да го оставите. Однесете го на долга прошетка, играјте и трчајте со него.

Доколку вашето куче често го оставате само, најдобро е да најдете некој да го шета или да си игра со него барем еден час за време на вашето отсуство. Оставете му играчки кои се полни со грицки, таквата активност ќе го занимава барем неколку часа.

Но, прекумерното лаење може да биде предизвикано и од здравствени проблеми. Тоа може да бидат некои мозочни заболувања, разни болки на коските и мускулите и слиќно.

Задолжително проверете го здравјето на вашето домашно милениче кај ветеринар, доколку лаењето не престанува, а се сомневате дека страда од некаква болка.

За време на социјализацијата и обуката, не го учите вашето куче да лае на непознати звуци. Бидете трпеливи и упорни кога го учите да не лае по луѓе или други животни.

Не ги користете заштитните маски што ја држат неговата уста затворена, подолг временски период. Ова ќе го спречи да лае, но ќе му ја зголеми фрустрацијата и потоа, интензитетот на лаењето ќе се зголеми секогаш кога устата ќе му биде слободна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот