Штипјани можат мирно да спијат, изгаснат е пожарот што стигна до селата Софилари и Пенуш

Пожар кај штипската депонија „Трешена Скала“
Изгаснат е пожарот на штипската депонија „Трешена Скала“ / 25 јули 2022 / Фото: МИА

Изгаснат е пожарот кој денеска се рагоре во близина на Штип. Огнените јазици пламнаа кај депонијата „Трештена скала” па се проширија до атарот на селата Софилари и Пенуш. Силниот ветер предизвика пожарот да излезе надвор од конторла на службите.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА изјави дека пожарникарите со четирите возила се вратени во ТППЕ- Штип. МИА претходно објави дека се зафатени ридови со сува трева и нискостеблеста шума, а пожарникарите не дозволија огнот да зафати и неожнеана нива со жито. Според проценките на Коцев опожарени се околу 40 хектари.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов најави дека утре ќе даде повеќе информации и детали околу пожарите на депонијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот