Штајнмаер блиску до реизбор за втор мандат

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер/ Фото EPA-EFE/Joerg Carstensen / POOL

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер е на пат да биде реизбран за втор петгодишен мандат, бидејќи денеска ја обезбеди поддршката од владејачката партија на Зелените.

Шеесет и петгодишниот социјалдемократ (ПСД) Штајнмаер, кој првпат беше назначен за претседател во 2017 година, лани истакна дека би сакал повторно да се кандидира кога Германија ќе го избере својот иден шеф на државата на 13 февруари, пишува АП.

Зелените, кои се дел од новата коалициска влада со СДП и либералната ФДП, во соопштението наведуваат дека ќе им препорачаат на своите пратеници да гласаат за него.

Штајнмаер е „многу добар и високо почитуван федерален претседател кој направи голема услуга за нашата земја во текот на неговиот прв мандат”, оценуваат Зелените.

ФДП, исто така, потврдија дека ќе го поддржат Штајнмаер.

Претседателската функција е симболична улога во Германија, каде шефовите на државата можат да се кандидираат најмногу два мандата, но Штајнмаер ќе биде четвртиот кој ќе биде реизбран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот