Шолц: Убаво е да се види како сите ѝ помагаме на Украина

Олаф Шолц
Олаф Шолц во Киев, Украина / 16 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска предупреди дека самитот на 44-та шефови на држави или влади во Европа, што почна во Прага, не може да го игнорира рускиот напад на Украина.

– Убаво е да се види како сите ѝ помагаме на Украина, парично и со испорака на оружје, истакна Шолц.

Како и францускиот претседател Емануел Макрон, Шолц исто така ја нагласи потребата цела Европа солидарно во енергетската криза да обезбеди помош за домаќинствата и компаниите. Макрон и Шолц сметаат дека треба да се поддржи европската стратегија за намалување на цените на енергијата.

Шолц потсети дека не е загрозена само Европа, туку и азиските сојузници, како Јапонија или Јужна Кореја.

Домаќинот на самитот, чешкиот премиер Петр Фијала посочи дека важен е сигналот до Русија, дека без неа се состануваат лидерите на целиот континент, а не само на Европската Унија.

– Тоа, без сомнение, е важен сигнал за Владимир Путин дека сите европски лидери се сретнаа и го решаваат тоа што ги мачи, додаде меѓу другото Фијала.

И претседателот на Франција и премиерите на Германија и Чешка се согласни дека Европската политичка заедница не смее да стане некоја нова институција со бирократија, какви што ги има доволно во Европа, а исто така не е замена за процесот на проширување на Европската Унија.

– Тоа е голема иновација. Немаме јасна агенда, не мора да се донесуваат заклучоци, можеме да разговараме. Разговорите се добри за мир, економска стабилност, просперитетот на земјите. ЕУ така може да ги подобри односите со соседните земји што сè уште не се нејзини членки, подвлече Шолц.

Според Фијала, од самиот почеток било договорено да не се создава нова институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот