Шолц ги уверува кинеските студенти: Не сите во Германија пушат марихуана

Олаф Шолф / Фото MICHAEL KAPPELER / AFP / Profimedia

Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот ги увери кинеските студенти во Шангај дека не мора да пушат канабис доколку студираат во Германија и дека Германија го легализирала канабисот надевајќи се дека потрошувачката ќе се намали.

Шолц ги даде коментарите како одговор на прашање на студент од Универзитетот Тонги, кој праша дали ќе мора да пуши канабис ако студира во Германија, бидејќи дрогата не е легална во Кина, пренесува Ројтерс.

Германија донесе закон за легализирање на канабисот во февруари, дозволувајќи им на поединци и здруженија да одгледуваат и да поседуваат ограничени количини канабис.

„Ние не сакаме повеќе луѓе да консумираат канабис, сакаме помалку луѓе да консумираат канабис, сакаме да има поголема јавна едукација за тоа. Одговорот е многу едноставен: не пуши. Оваа година ќе имам 66 години и никогаш не сум пушел канабис“, рече Шолц.

Канцеларот, кој е во посета на Кина и ќе се сретне со лидерите во Пекинг во вторник, рече дека Германија сака да го извади канабисот „од сивата зона“.

Околу 4 милиони луѓе конзумирале канабис во Германија во 2022 година, според податоците на Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот