Шилегов: Нема обесправени општини во однос на материјалната помош од централната власт

Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје, како и дел од градоначалниците од другите скопски општини не се чувствуваат обесправени откако вчера Владата одлучи да ѝ додели половина милион евра на Општина Арачиново како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради ковид кризата.

Тие велат дека ваквата помош е добра, а нивните општини конкурирале со свои проекти и за дел добиле владина помош.

– Во тек е целосна разработка на проектите коишто градот и општините од градот ги имаат доставено до Владата со цел централната власт да ја помогне локалната власт и да изврши финансирање на определени проекти. Завршени се во вкупен износ од 35 милкиони евра за сите општини во нашата држава така што нема обесправени општини во смисла на тоа што добиваат фискална или материјална помош од централната власт, а предизвикана пред се заради скратените буџетски приливи во нашите буџети од ковид кризата. Јас очекувам дека владата многу брзо ќе излезе со целиот тој концепт  – рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот