„Шест од шест“ за ракометарите на Алкалоид во Суперлигата

фото: РК Алкалоид

Денеска ракометниот клуб Алкалоид запиша нова победа во македонската Суперлига, откако во шестото коло со 34:21 триумфираше над МРК Куманово.

После првото полувреме играчите на Кирил Лазаров водеа со 10 голови разлика (19:9).

Во победата најефикасни во редовите на вицешампионот беа Михајло Младеновиќ со девет погодоци, и Мартин Серафимов со шест.

За МРК Куманово прв стрелец беше Грузиецот Уча Гамзардија кој деветпати се запиша во листата на стрелците.

На табелата во групата „А“ Алкалоид останува перфектен со шест победи и 18 бодови на првото место, додека МРК Куманово е на седмата претпоследна позиција со еден бод.

Во следната рунда тимот на Лазаров го чека дерби-дуел против тимот на ГРК Тиквеш 2014 на 12 октомври од 19:00 часот), тим кој исто така нема пораз во досегашниот дел од сезоната.

Два дена подоцна на 14 октомври МРК Куманово ќе му гостува на Еурофарм Пелистер 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот