Шест мртви, десет повредени во пукотница во Сакраменто

Фото: EPA-EFE/BRENDAN DAVIS

Шест лица загинаа, а 10 се повредени по пукање во центарот на Сакраменто рано утрото по локално време, соопшти полицијата, пренесува Си-Ен-Ен.

„Полицијата лоцираше најмалку 10 жртви на пукањето, вклучително и 6 мртви“, објави полицијата на Сакраменто на Твитер.

„Улицата каде што се случи пукањето е затворена бидејќи полицијата го истражува пукањето со повеќе жртви“, соопшти полицијата во Сакраменто.

„Засега не се познати условите. Ве молиме избегнувајте ја областа бидејќи ќе остане големо полициско присуство, а местото на настанот е сè уште активно“, додаваат тие.

За настанот зборуваше и градоначалникот на Сакраменто.

„Нападите со огнено оружје се зло за нашиот град, држава и нација, и јас ги поддржувам сите активности за нивно намалување“, рече градоначалникот на Сакраменто, Дарел Стајнберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот