Шенгелија си замина од ЦСКА Москва: Не можам да играм за руски воен клуб

Торнике Шенгелија/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Грузискиот кошаркарски репрезентативец Торнике Шенгелија, објави дека во знак на протест поради руската инвазија на Украина ја напушта ЦСКА Москва.

Шенгелија прво јавно и даде поддршка на Украина, а потоа се одлучи и да го напушти рускиот тим

– Ја донесов оваа одлука во знак на протест против руската инвазија на Украина. Не гледам како е можно да играм за руски воен клуб – изјави Шенгелија и најави дека со семејството ќе се пресели во Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот