Шекеринска: Армиските хеликоптери досега со над 100 лета исфрлија 200 тони вода на сите кризни подрачја зафатени од пожари

фото Твитер

Армиските хеликоптери досега со над 100 лета исфрлија 200 тони вода на сите кризни подрачја зафатени од пожари, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот твитер профил. Како што вели таа, армијата безрезервно се ангажира во справувањето со пожарите од терен и од воздух.

Во моментов активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија, како и месното население, објавија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот