Шеикот Ал Тани избран за нов претседател на ФИБА

Фото: FIBA

Шеикот Али Ал Тани во Манила е избран за нов претседател на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).

Ал Тани едногласно беше избран за претседател на конгресот на ФИБА кој се одржа пред стартот на Светското првенство кое започнува за два дена.

На местото претседател шеикот го наследува Аман Нианг. Ал Тани оваа функција ќе ја извршува од 2027 година бидејќи претседателскиот мандат е со важност од четири години.

Претходно од 2019 година, Ал Тани беше потпретседател на ФИБА, а исто така е претседател и на ФИБА Азија уште од 2022 година. На почетоците го водеше и Кошаркарскиот сојуз на Катар.

„Голема е честа и одговорноста, како за мене, така и за мојата земја Катар и цела Азија. Сега ги претставувам интересите на сите 212 национални федерации ширум светот. Кошарката е глобален спорт. Можам да ветам само едно, а тоа е дека напорно и вредно ќе работам заедно со останатите во раководството“, изјави Ал Тани за официјалниот сајт на ФИБА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот