Шефовите на глобалните медиуми бараат заштита на новинарите во Газа

Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

рвите луѓе на неколку светски медиумски куќи потпишаа писмо во кое ги повикуваат израелските власти да ги заштитат новинарите во Газа, соопштувајќи дека новинарите работат во невидени услови и дека се соочуваат со „голем личен ризик“ за време на нападите на Израел врз енклавата.

Меѓу медиумските куќи, чии главни уредници пред два дена го потпишале писмото, се Асошиетед прес, АФП, Ројтерс, Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Би-Би-Си, Си-Ен-Ен, Гардијан, Фајненшл Тајмс, Дер Шпигел и Хаарец.

Во војната меѓу Израел и Газа досега се убиени најмалку 94 новинари, а повеќето од нив, вкупно 89, се Палестинци убиени од израелската армија, наведува Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), што го објави писмото потпишано од шефовите на 59 новинарски организации.

CPJ наведува дека оваа војна е „најопасната досега за новинарите“.

Израел негира дека намерно гаѓал новинари и цивили, велејќи дека само ја напаѓа палестинската исламистичка група Хамас, која владее со Газа и го нападна Израел на 7 октомври.

„Овие новинари продолжуваат да известуваат и покрај сериозниот личен ризик. Тие продолжуваат и покрај загубата на семејството, пријателите и колегите, уништувањето на домови и канцеларии, постојаното раселување, прекините на комуникациите и недостигот на храна и гориво“, се наведува во писмото.

„Новинарите се цивили и израелските власти мора да ги заштитат новинарите како неборци според меѓународното право“, се додава во писмото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот