Шаќири: Многу важен чекор беше што вработените по Рамковен добија соодветни места

фото Фејсбук

Денес, во Собранието на Република Северна Македонија, се одржа петтиот Комитет за односи меѓу заедниците, каде што одржа говор Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

“Новиот дух што дојде во Република Северна Македонија по Охридскиот рамковен договор значително влијаеше на поделбата на моќта и етничката застапеност во рамките на државата. Идејата за ваков договор за поделба на власта беше да се гарантира на сите етнички заедници во Македонија политичко, социјално и културно учество, како и самоизразување во Република Северна Македонија” го отвори својот говор министерот Шаќири.

Меѓу другото, Јетон Шаќири рече дека Законот за вработените во јавниот сектор обезбедува механизам за спроведување на уставниот принцип на правична и соодветна застапеност на припадниците на етничките заедници, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, и врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишните планови за вработување.

“Многу важен чекор што се реализираше во текот на оваа година беше систематизацијата на вработените со Рамковниот договор на соодветните работни места, што значително го унапреди прашањето за правична застапеност во институциите каде имаше повеќе недостатоци, преку К-5 програмата” истакна Шаќири.

„Едно нешто што мора да се признае како факт е дека јавната администрација драматично се промени во последните години, означувајќи повеќе промени и дефинитивно е поразновидна. Јас како министер за информатичко општество и администрација, ве уверувам дека државната администрација ја гледам важен дел од нашето општество, кое припаѓа на секој граѓанин на земјата, без оглед на неговата етничка припадност“, го заврши својот говор Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот