Северна Кореја тестира ракети за да ги надмине американските нуклеарни закани

Фото: KCNA / AFP / Profimedia

Северна Кореја денес соопшти дека во петокот извршила уште еден тест на локација за лансирање на сателит во рамки на кацијата насочени кон „надминување на нуклеарните закани од САД“, пренесува денес севернокорејската државна агенција КЦНА.

Како што пренесува „Ројтерс“, началникот на гереналството Џонг Чон рече дека целта на тестирањето е да се подобри одбраната на Северна Кореја низ развој на ново оружје.

– Непроценливи податоци, искуство и нови технологии се стекнати во неодамнешните тестирања за истражување на одбранбената наука. Овие податоци во потполност ќе бидат применети за развој на уште едно стратешко оружје на Северна Кореја, за дефинитивно и сигурно надминување на нуклеарните закани од САД – рекол Џонг Чонг.

КЦНА пренесе дека „многу важното“ тестирање е изведено во центарот на Сохае, за кој научниците во САД тврдат дека Северна Кореја известила дека ќе го затвори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот