Северна Кореја лансирала две ракети

Ракети / Фото: EPA-EFE/KCNA

Северна Кореја лансирала две ракети со краток досег во Источното море, пренесе синоќа јужнокорејската агенција Јонхап.

Агенцијата наведува дека Пјонгјанг ракетите ги истрелал од една своја западна провинција.

Претходно британските медиуми, повикувајќи се на извори од Генералштабот на армијата на Јужна Кореја,  јавија дека Северна Кореја истрелала неидентификувани објекти во морето кај својот источен брег  од Корејскиот полуостров.

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека Северна Кореја се чини лансирала ракети шти слетале надвор од територијата што и припаѓа на ексклузивната економска зона на Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот