Северина открива: Петар Грашо ми рече дека изгледам како да сум излегла од фритеза

Фото: Instagram / severina

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ изминатиов период постојано е актуелна во медиумите од регионот. Сега, таа во интервју за магазинот „Ин“ се осврна на борбата за старателството над синот Александар, кој го има со Милан Поповиќ.

И покрај турбулентниот период од животот, Северина нема проблем да се пошегува за себе. Таа вели дека сè што ѝ се случило во изминатите 11 години може да се преточи во филм или театарска претстава.

„Тарик би сакал да направи претстава, но јас му реков: ‘Мораш да правиш реалити театар’. Претставата не може да биде постојано иста затоа што материјалот е сè посвеж и посвеж и едноставно се случува и се случува. Можеби некоја серија, но во неколку сезони, која ќе трае до… не знам… не знам, која има најмногу сезони во серијата? ‘Санта Барбара’“, рекла Северина.

На прашањето од каде добива сила да издржи сè што ѝ се случува изминатиов период, таа одговорила дека хуморот ја одржува.

„Па, токму тоа ме прашаа моите домашни. Мислам, забавно е, интересно е. Треба да има хумор. Хуморот не одржа, благодарение на него, дома сме многу духовити. Грашо ми рече дека изгледам како да сум излегла од фритеза. Сакаме да се почестиме од време на време“, изјавила пејачката.

Да потсетиме, Северина минатата недела двапати беше на суд. Таа дојде во Општинскиот кривичен суд под обвинение дека ја прогонува Гордана Буљан Фландер, поранешна директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади во градот Загреб, и дека испраќала навредливи пораки до директорката на училиштето на нејзиниот син, Љиљана Клингер. Потоа дојде на суд поради тужба од наставник од училиштето на нејзиниот син поради инцидент од 2019 година.

Објавено зошто на Северина ѝ е одземено старателството: Пејачката веднаш испрати отворено писмо до Врховниот суд

Северина не е единствената: Овие славни дами го изгубија старателството над своите деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот