Северина осудена за семејно насилство! На поранешниот сопруг му велела дека е како Адолф Хитлер! (ФОТО)

Судот во Загреб ја осуди Северина за семејно насилство, наведувајќи дека е осудена зашто му испраќала закани и психички го малтретирала српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, со кого го има синот Александар.

– Северина е обвинета за семејно насилство поради испраќање заканувачки пораки на е-пошта на Милан, во кои го споредува со Адолф Хитлер и во кои вели дека Хитлер барем некој го сакал. Таа во пораките пишува дека му ги искрши коските, а дека таквите како него го силуваат во затвор“, рекол извор близок до бизнисменот медиумите.

(Фото: Драгана Кадиќ)

Милан во јуни ја пријави Северина во центарот за социјална работа во  Загреб. Во пријавата стои дека пејачката го омаловажува, навредува и нарекува со погрдни и навредливи имиња.

Судењето се одржа пред два дена во општинскиот прекршочен суд во Загреб, а откако судот ја осуди Северина за психичко насилство, таа сега ќ треба да ги плати трошоците за прекршочната постапка во висина од 3.000 куни, односно околу 380 евра. А не плати во рок од 30 дена, трошоците ќе бидат присилно наплатени.

За потсетување, Северина неодамна ги обвини учителките на нејзиниот син дека го заклучиле и физички го злоупотребувале, а дека за тоа е виновен Милан Поповиќ, кој е донатор на училиштето и близок пријател н градоначалникот на Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот