Сеул со нови обвинувања кон Пјонгјанг

Фото: EPA

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја денеска истрелала најмалку една балистичка ракета кон своето Источнокинеско Море.

Генералштабот на армијата на Јужна Кореја не соопшти колкав бил дострелот на проектилот.

Лансирањето претставува продолжување на неодамнешните демонстрации на вооружување на Северна Кореја, вклучително и десетици проектили минатата недела, кои Пјонгјанг ги нарече симулирани напади врз јужнокорејски и американски цели кои одржуваат заеднички воздушни воени вежби.

Јужнокорејските и американските власти соопштија дека Пјонгјанг направил и технички подготовки за тестирање на нуклеарно оружје, за првпат од 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот