Сеул и Пекинг се сомневаат – Кремељ очекува официјални информации

Во руската Дума сметаат дека непојавувањето на Ким на прославата може да се објасни и дека тоа е поради превентивни мерки со цел негова заштита од корона вирусот.

Откако во медиумите излегоа информациите дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се наоѓа во тешка здравствена состојба по операција на срце, од Кремељ порачаа дека сепак ќе почекаат официјални информации за неговата здравствена состојба.

– Ги проследивме информациите во медиумите. Не знаеме во која мера се веродостојни. Чекаме официјални информации за неговата здравствена состојба, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремељ.

Лидерот на Северна Кореа, на изненадување на јавноста, ја пропушти прославата за роденденот на својот дедо на 15. април, што пак предизвика гласини за неговата здравствена состојба.

Јужнокорејската влада наведува дека не се забележани невообичаени активности во Северна Кореа по непотврдениот извештај според кој Ким Џонг Ун е во критична состојба.

Во руската Дума сметаат дека непојавувањето на Ким на прославата може да се објасни и дека тоа е поради превентивни мерки со цел негова заштита од корона вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот