Селекторот со нови проблеми: Зајков позитивен на ковид-19!

зајков стојановски
Репрезентативецот Ѓоко Зајков во потрага по нов клуб/Фото: ffm.mk

Како што пренесуваат белгиските медиуми, македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков е позитивен на коронавирус.

Играчот на Шарлроа се наоѓа во составот на повикани играчи кај селекторот Игор Ангеловски за првите натпревари овој месец во рамките од квалификациите за Светското првенство.

Зајков е еден од 10 позитивни играчи на ковид-19 во редовите на Шарлроа (покрај тренерот и целиот стручен штаб) после тестовите направени в среда. Денешниот тренинг е откажан, а се очекува и одложување на саботниот лигашки меч со Бершот.

Во дефанзивниот дел Ангеловски за дуелите против Романија, Лихтенштајн и Германија ги има на располагање уште Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Дарко Велковски и Езѓан Алиоски.

Претходно беше објавено дека нашата селекција нема да може да смета и на напаѓачот Влатко Стојановски, фудбалерот на францускиот второлигаш Шамбли.

Македонија без напаѓачот Стојановски во квалификациите за СП!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот