Селекторот Ашаданов со 13 кошаркарки за натпреварот против Португалија

Македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација/фото: kfsm.mk

По одработувањето на вечерниот тренинг во СРЦ „Кале“, многу веројатно и последниот пред заминувањето за Португалија, каде на 9 ноември македонската женска кошаркарска сениорска репрезентација ќе го игра првиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Селекторот Александар Ашаданов го одреди списокот на репрезентативки на кои ќе смета за овој натпревар.

За мечот во Матошинос, предводникот на нашиот женски национален тим се определи за 13 кошаркарки.

– Немаме многу време за подготовки пред овие два натпревари. Денеска одработивме два, се обидувме да поставиме некои работи кои ќе ни бидат од корист на натпреварите кои следуваат. Утре за Матошинос ќе патуваат 11. кошаркарки, а во Португалија ќе нè чекаат Нена Трајчевска и Александра Стојановска, па во еден комплетен состав ќе одработиме уште некој тренинг се со цела да бидеме што е можно поспремни за предизвиците кои стојат пред нашата селекција“ – потврдува Ашаданов по завршување на вечерниот тренинг, на кој го дефинираше финалниот ростер.

СПИСОК НА ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОРТУГАЛИЈА-МАКЕДОНИЈА

Анџелика Митрашиновиќ, Пештански Цајки (Словачка)
Матеа Николиќ, Пасаласка Рагуса (Италија)
Александра Стојановска, Кортегада (Шпанија)
Нена Трајчевска, ЦБ Архил (Шпанија)
Мерит Хемпе, Валенсија (Шпанија)
Милица Николиќ, Вебас (Србија)

Ивана Кметовска, Баскет Кам 2011 – М. Каменица
Елена Тасевска, Баскет Кам 2011 – М. Каменица
Сања Адамовска, Баскет Кам 2011 – М. Каменица
Илина Селцова, Вардар – Скопје
Ања Начевска, Вардар – Скопје
Марија Димитријевиќ, Вардар – Скопје
Клементина Модева, Струга 2009

Во првото коло на 9 ноември Македонија ќе гостува кај Португалија, а три дена подоцна нашата репрезентација ќе игра дома против Србија. Во квалификациската група „Г“ се наоѓа и репрезентацијата на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот