Села: Постигнавме договор за коалиционирање со Алтернатива, немаме одговор од БЕСА

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку видео порака, денеска кажа дека после рокот од 48 часа, добиле позитивно мислење за коалиционирање од партијата Алтернатива на Африм Гаши, додека се уште немаат добиено одговор од Движењето Беса.

– Имам за обврска да ве информирам, бидејќи ние треба да бидеме транспарентни, објективни со ставовите што треба да ги превземеме. Во моментот кога зборуваме, сум добил писмена согласност од Африм Гаши. За жал, сме биле игнорирани од другата страна. Ние имаме една коалиција и од тоа нема враќање назад. Имаме позитивна согласност од Алтернатива, со кои, ве информирам дека ќе имаме коалиција, изјави Села.

Тој рече дека остануваат отворени и за другите партии докулку сакаат да се придружат кон коалицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот