Сеизмичката активност во Албанија полека се смирува

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Сеизмичката активност во Албанија полека се смирува. Сизмологот, Едмонд Нуши, за албанските медиуми рекол дека во земјата 26 ноември се регистрирани над илјада земјотреси, но дека нивната магнитуда полека се смирува.

– Зоната каде што се одвива сеизмичката активност е многу блиску до Тирана, така што овие настани кои го поминуваат прагот се чуствуваат од страна на граѓаните и поради тоа создаваат паника. Во целина, сеизмичката активност се намалува. И магнитудите кои што сега се регистрираат се помали –  изјавил тој за „Ора Њуз“.

Во меѓувреме, министерката за одбрана, Олта Џачка ги повика жителите чии домови се оштетени да не престојуваат таму додека не се изрши проценка на материјалната штета.

– Ако вашиот дом е општетен, не изигравајте експерт, не ризикувајте го вашиот живот и на вашето семјество. Тргнете се, одете во местата кои се направени за сместување во Тирана, Лежа, Шенѓин, Берат, или кај некој од вашите најблиски, но тргнете се додека не се направи проценска – изјави Џачка.

Таа потенцирала дека според првичните проценки, над четири илјади жители не можат да се вратат во своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот