Седумнаесет новозаболени од Ковид-19 во Кумановско

Куманово/ Фото: МИА

Центарот за јавно здравје – Куманово, во последниве 24 часа евидентирала 17 новозаболени лица од Ковид 19.

Директорот на ЦЈЗ – Куманово, Ариф Љатифи информира дека од нив, 15 лица се од Куманово, двајца од Липково.

– Во кумановско има два нови кластери, ги следиме и нивните контакти – изјави д-р Љатифи.

Денеска е регистриран еден оздравен пациент од Куманово. Во текот на денешниот ден извршени се 62 тестирања, по половина во општините Липково и Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот